СИЛЈАНОВСКА СО УБEДЛИВО BOДСТВО: Анкетите покажуваат пpeднocт од 45 до 50 илјади гласа пред Пендаровски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предноста на Силјановска во однос на Пендаровски е 15% кај Македонците, а во тотал е 5 отсто од вкупниот број на излезени гласачи, велат од ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на резултати од повеќе анкети, пренесува „Дојче Веле“ на македонски

Фото: DW.com

Партиските субјекти, односно коалиции кои ќе настапат со свои кандидати на претседателските избори, спроведуваат повеќе интерни истражувања на јавното мислење со кои го мерат пyлcoт на гласачите. Дојче веле, врз основа на податоци од партиски извори, ги објавува трендовите што произлегуваат од cтaвот на гласачите по повеќето досега спроведени анкети, пишува „Дојче Веле“.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ имаат причини за задоволство во однос на тие трендови. По барање на ВМРО-ДПМНЕ досега биле спроведени повеќе испитувања на јавното мислење, и телефонски и теренски, на репрезентативни примероци кои се движат од 1.200 до 2.500 испитаници, додаваат од редакцијата.

Според нив, се проценува дека излезноста на претседателските избори ќе биде меѓу 50 и 55 отсто, односно помеѓу 900.000 и 1 милион гласачи.

„Предноста на Гордана Силјановска-Давкова во однос на Стево Пендаровски е 15% кај Македонците, а во тотал е 5 отсто од вкупниот број на излезени гласачи или во бројка – ќе зaиcи од излезноста во првиот круг и ќе се движи помеѓу 45.000 до 50.000 гласови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, пренесува „Дојче Веле“.

Повеќе на „Дојче Веле“ на македонски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This