Кировски ајде оставка ако имаш „дупе“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ете и тоа се деси! Уредникот на на „најнеутралната“, „најобјективната“ и „независна“  и сите други епитети со нај нај ТВ куќа им забрани на своите вработени и новинари јавно да го искажуваат својот личен став, било каде а особено на социјалните мрежи.

Јас мислам дека тука треба да ги изгасиме светлата на овој мит, а ако има „дупе“ како што вели самиот Кировски, време е за оставка.

Г-дине Кировски, вашиот потег ги засега и ги крши двата основни столба на независното и непристрасно известување и изразување на секој новинар и индивидуа. На папирот на кој што си потпишан ги одземаш правото на слобода на говор и правото на слободно изразување(freedom of speech and freedom of expression), за многумина ист,а можеби и за вас, но тоа се два сосема различни поими и експресии кои се надополонуваат. Свесно или несвесно вие извршивте мобинг на вашите колеги и вработени во Телма.

Ме интересира дали и вашите профили на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук ќе подлежат на оваа „рационална“ одлука на уредничката политика на ТВ Телма или вие сте над неа, дали сами на себе ќе си забраните вие да пишувате коментари, анализи и анкети и дали сами себе ќе се „мобингувате“?

Бадијала сами се китевте со објективност и неутралност

Сигурно не очекувавте  дека вашата дволичност и лицемерие ќе излезе на виделина и дека една од маските ќе ви паднат и ќе ви се види вистинското лице и ќе ви остане голо „дупето“?

Силјан Штркот

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This