СИНОТ НА МИКИ ВУЈИЌ СТАНА РАЗУЗНАВАЧ: Класичен судир на интереси – синот на Мики Вујиќ вработен во Управата за финансиско разузнавање!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По назначувањето на партискиот адвокат на СДСМ Мирослав Вујиќ за член на бордот на директори во „Македонски Телеком“ уште на стартот на оваа година, заедно со Замир Мехмети – брат на пратеничката Ермира Мехмети, сега и синот на Вујиќ доби фино работно место

 

Имено, како што дознаваме, Александар Вујиќ, син на скопскиот адвокат од неодамна работи во Управата за финансиско разузнавање, каде платите се движат од 500 евра, нагоре.

Она што е интересно пак, е фактот што една од надлежностите на Управата за финансиско разузнавање е контрола и санкционирање на работата на адвокатските друштва, канцеларии и адвокати, а по потреба и директно да ги санкционира.

Ваквата надлежност произлегува и од законот со кој се уредува работењето на УФР. Оттука логично произлегува и прашањето дали синот е подготвен, ако има потреба, да го следи и казни таткото, партиски адвокат на владејачката партија, или пак се работи за класичен судир на интереси, имајќи во предвид дека во овој случај Мирослав Вујиќ би имал директна контрола и инсајдерски информации во врска со тековни истраги, но и евентуално спречување на истрага против него.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This