СИПРИ: САД лидep вo извoзoт нa opyжje зa пepиoдoт 2016-2020 гoдинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД држaт 37 отсто од глобалната продажба на оружје помеѓу 2016 и 2020 година и продадоа оружје на 96 земји. Речиси половина од нејзината продажба беше наменет за Блискиот исток. Тоа се наведува во извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ).

Извозот на САД се зголеми за 15 отсто во споредба со 2011-2015 година.

Меѓународните залихи на оружје во периодот 2016-2020 година ставија крај на трендот на повеќе од децениско зголемување, наведува СИПРИ. За првпат од 2001-2005 година, обемот на набавки на оружје меѓу земјите – показател за побарувачката – не се зголеми во споредба со претходниот петгодишен период.

САД, Франција и Германија – три од најголемите светски извозници – ги зголемија испораките, но намалениот извоз од Русија и Кина го компенззира растот на првите три.

Според извештајот, Русија е втор по големина извозник на оружје во светот, додека Франција е трет по големина. Продажбата на Русија е намалена со падот на увозот од Индија.

Саудиска Арабија е на прво место како најголем увозник.

Земјите од Блискиот исток имаат најголем пораст на увозот на оружје, што е 25 отсто во периодот 2016-2020 во споредба со 2011-2015 година.

Саудиска Арабија, најголемиот увозник на оружје во светот, го зголеми увозот на оружје за 61 отсто и Катар за 361 отсто.

Обединетите Арапски Емирати неодамна потпишаа договор со САД за купување на 50 авиони Ф-35 и до 18 вооружени беспилотни летала како дел од пакетот од 23 милијарди долари.

Азија и Океанија беа најголемите региони за увоз на оружје – увезоа 42 отсто од глобалните трансфери на оружје во 2016-2020 година. Индија, Австралија, Кина, Јужна Кореја и Пакистан беа најголемите увозници во регионот.

„За многу земји во Азија и Океанија, растечката перцепција на Кина како закана е главниот двигател на увозот на оружје“, изјави Симон Веземан, истражувач на СИПРИ.

Влијанието на пандемијата Ковид-19 е рано да се процени.

СИПРИ нагласува дека е рано да се каже дали рецесијата што произлегува од пандемијата со Ковид-19 може да го забави снабдувањето со оружје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This