Сирија ocтaнa бeз cтpyјa по eкcплoзијaтa кaj Дамаск

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експлозијата на гасоводот која одекна во понеделникот во провинцијата на сириската престолнина Дамаск, која предизвика прекин на електричната енергија во целата земја, е резултат на терористички напад, изјави министерот за нафта и минерални суровини на Сирија, Али Ганим.

„По процената на ситуацијата, утврдено е дека експлозијата која се случи на гасоводот меѓу регионот Андар и Думеир е предизвикана со терористички чин“, го цитира министерот Ганим сирискиот телевизиски канал Al Ekhbariya.

Министерот, исто така, додал дека експертите успеале да ги отстранат дефектите вио сите елетрични централи во земјата, и оти секоја од нив е подготвена за работа. Според него, во следните неколку часа ќе биде повторно овозможено снабдувањето со електрична енергија во целата земја.

Претходно снабдувањето со струја било восптавено во центарот на Дамаска, каде што се објектите на владата и другите државни институции, а постепено снабдувањето се обновува и во другите региони.

Во прилогот на телевизијата се додава и дека пожарникарските екипи успеале да го изгаснат огнот кој настанал по експлозијата.

Претходно како што пренесоа сириските и медиумите од регионот повикувајќи се на министерот за енергетика Зуеир Харбутли, цела Сирија останала без снабдување со електрична енергија поради екслозијата на „Арапскиот гасовод“, на кракот кој го снабдува јужниот дел на земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This