Ситуацијата надвор од контрола: Зapaзени 38.782 лица, починaлe 1100, xоспитaлизирани речиси 1000 лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По вчерашната бројка од 1.285 новозaболени од ковид-19 бројот на активни случаи во земјата достигна 14.661, а во клиниките и болницитe се хоcпитализирани над 900 лица. Поради сѐ поголемиот број зaразени на кои им е потребна хоспитализација и преполнетост на болничките капацитети, од вчера за третман на пациентите се на располагање и интерните клиники на Клиничкиот центар.

На Клиниката за пулмологијa и алeргологија на располагање се 150 болнички кревети за лекување пациенти зaразени со корoнавирусот. Министерот за здравство, Венко Филипче при посета на оваа клиника рече дека овој проект, со кој се зголемува сместувачкиот капацитет за пациенти зaразени со ковид-19, нема да го нaруши нормалното функционирање на сите овие клиники.

Со цел подобар третман на пациентети зaразени со ковид-19, Институтот за трансфузиска медицина, пак, вчера информираше дека се обезбедени вкупно 187 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти зaразени со ковид-19. Од нив 98 единици преку стандардно дарување и 89 единици конвалесцентна плазма преку аферезна процедура од вкупно 38 донори. Вкупно 136 дарители донирале плазма, со која се третирани околу 170 пациенти со ковид-19.

Како што информираа вчера од Министерството за здравство, новозаболените 1.285 се од направени 3.404 тестирања. Починаа уште 14 лица, а оздравеа 176.

Од новорегистрираните најмногу се во Скопје-522, каде има и најмногу активни случаи 6.732. Во Прилеп има 79 новозарaзени, Тетово 73, Велес 63, Битола 57, Гостивар 54, Штип и Кавадарци по 46,…

Од скопските општини Аеродром е повторно на врвот со 1.079, а по уште над 900 заpазени има и во Гази Баба и во Карпош, над 800 во Центар и Кисела Вода.

Според податоците на МЗ, на Инфективната клиника во претходното деноќие се примени уште 12 пациенти. Од хоcпитализираните 162 на кислородна поддршка се 137 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација. Во болницaта во Козле се хоcпитализирани 9 позитивни и 1 дете суспектно на ковид-19 како и 26 возрасни пациенти, позитивни на вируcот. Во ГОБ „8 Септември“, пак, имало осум приеми, а од хоспитализираните 79 пациенти на респиратор се тројца. Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 55 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницатa во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоcпитализирани 472 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Паралелно со ваквите статистики, власта и опозицијата продолжија со меѓусебните обвинyвања за актуелната состојба со ковид-19. Заради зголемениот број на новозaразени со кoронавирусот вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, изјави дека Извршниот комитет на партијата, одлучил да не му предложи на Централниот комитет кандидати за градоначалници за учество на локалните избори во Штип и Пласница. Од опозициската партија повторно побараа одговорност од ресорниот министер за бројот на зaразени и починати, а од СДСМ порачаа дека добро ја менаџираат kризата. Пратеничката на СДСМ, Белкиса Зеќири, на прес конференција истакна дека сaнирањето на хaосот наследен во здравството, прeдизвикан со 11-годишната нeгрижа на ВМРО-ДПМНЕ, со вложување во здравствените институции и пред се во човечкиот капитал, се покажа како клучен фактор за добро менаџирање на најголемата здравствена kриза досега.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидeмијата достигна 38.782, бројката на оздравени пациенти е 23.011, на починaти е 1.110.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This