Ситуациjaтa eckaлира: Pycија е подготвена да ги пpekине однocите со EУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Односите со ЕУ можат да бидат прекинати доколку Брисел воведе санкции што се ризични за чувствителните сфери на економијата, изјави министерот Сергеј Лавров.

„Нашата почетна точка е дека сме подготвени за тој чекор во случај да забележиме, како што можевме да видиме во неколку наврати порано, дека се подготвуваат санкции што ќе создадат ризик за нашата економија“.

Лавров изјави дека Русија не сака да се изолира од светот, но дека е потребно да биде подготвена за најлошото можно сценарио.

Како што рече: „Ако сакате мир, подгответе се за војна“.

Претходно, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, по посетата на Москва, изјави дека Европската унија и Русија се наоѓаат во историска пресвртница во прашањето за меѓусебните односи.

Според него во одредени моменти имал многу напнати разговори со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и оцени дека состанокот и некои пораки од руски официјални лица покажале дека Европа и Русија се оддалечуваат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This