СИЉАНОВСКА: Младите се иднината на Македонија, ги повикувам да застанат на моја страна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во посета на Граѓанскиот штаб беа студентите на кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова оствари кратка средба со нив од кои што доби поддршка за победа во вториот круг на претседателските избори на 5 мај, а и подарија и портрет кои самите тие го изработиле.

Истакна дека токму студентите се нејзина гордост и надеж како и дека младите се иднината на Македонија, а таа како професорка и идна претседателка ќе се потруди тие својата иднина да ја градат токму во својата земја, бидејќи како што рече таа, е секогаш на страната на младите.

Студентите се мојата гордост и надеж. Денес од моите студенти Роми добив портрет кои тие го изработиле. Им благодарам од срце. Младите се иднината на Македонија, а јас секогаш сум била на нивна страна. Ги повикувам да застанат на моја страна, на страната за право и правда во Македонија, вели Сиљановска Давкова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This