April 28, 2024, 11:41 am

СИЉАНОВСКА: Најспособните ги бpкa од Македонија оваа власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коалицијата „За подобра Македонија“ гарантира подобра иднина за Република Македонија, порача кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова од вечерашниот митинг во Валандово.

Кога реков дека сум загрижена, знам дека еден од најубавите краеви на Македонија луѓето си заминуваат, и тоа оние кои ни се напотребни, најумните, најспособните, најкомпетитивните. Оние кои може да се натпреваруваат во европските држави и подалеку. За жал, политиката на оваа власт не е политика што води сметка за тоа дека тие се потребни овде. Ништо не сторија за да ги задржат, напротив, како да ги бpkаат. Тоа мора да се смени. Мојата претстава за Валандово е сликата од детството, од младоста. Крај на прекрасните мириси, на најубавото овошје, а калинката е најскапото и најценетото овошје во светот, само овде тоа не го знаеме. Кога си замислувам дека Македонија може да биде земја на здрава, органска храна, на туризам од секаков вид, се распослале по земјава езера, ама и прекрасни села и краеви како овој, си велам зошто, зарем не се свесни за оваа убавина?Зошто не сторија нешто за да може народот овде да ужива во убавината, но и во животот? Ветија живот, но ништо не донесоа од животот, порача Силјановска Давкова.

Професорката истакна дека ние сме една од најболните нации во Европа.

Политички бoлни сме заради нивната власт, здравјето ни е нарушено. Затоа што тие не водат сметка ниту за здравствената заштита, а да не зборувам и за еколошката, посочи таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This