Си го читаат Законот за двојазичност како сакаат: ДУИ и Алијанса пpoтив интерпелацијата на Џафери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Спикерот Талат Џафери втор ден молчи за интерпелацијата што му ја поднесоа ВМРО ДПМНЕ и Левица. Партиите на Албанците, пак, застанаа во негова одбрана. Од Алијанса велат дека не се задоволни од неговата работа и имаат низа причини да побараат тој да биде разрешен од функцијата, но употребата на албанскиот јазик не е една од нив. Поддршката, очекувано, стигна и од неговата партија – ДУИ, пренесува Телма.

Од пратеничката група на СДСМ велат дека се` уште не дискутирале дали ќе ја поддржат интерпелацијата.Чекаат Џафери самиот да се изјасни зошто се обратил на албански јазик. Нивниот став за ова прашање е дека во Уставот јасно стои дека официјален јазик за меѓународна комуникација е македонскиот јазик.

Опозициските партии вчера поднесоа интерпелација за претседателот на Собранието, затоа што Самит на Европскиот парламент официјално се обрати на албански јазик, што е спротивно на Уставот и Законот за употреба на јазиците. Според член 7 од Уставот, „на целата територија во државата и во нејзините меѓународни односи, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо„. Албанскиот јазик е службен само и единствено во рамките дадени во самиот член и не смее да се користи официјално во меѓународни односи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This