Си игpaме со „мечката“: Македонија пpoтеpa уште еден руски дипломат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за надворешни работи, во рамките на своите надлежности, ги презема сите соодветни мерки и активности согласно виенската конвенција за дипломатски односи со цел да ја заштити националната безбедност на Република Македонија, како и соодветно да ја заштити улогата и одговорноста на земјава како членка на НАТО алијансата, велат од МНР за „360 степени“ по информацијата во порталот Алмакос дека се работи за заменик военото аташе во Руската амбасада
Министерството за надворешни работи за „360 степени“ индиректно ја потврди информацијата дека е прогласен за персона нон грата руски дипломат од Амбасадата на Руската федерација во земјава, што ја објави порталот Алмакос.

Во одговор на нашето прашање, дали минатата недела е протеран заменик военото аташе во Руската амбасада, од МНР ни одговорија:

„Министерството за надворешни работи, во рамките на своите надлежности, ги презема сите соодветни мерки и активности согласно виенската конвенција за дипломатски односи со цел да ја заштити националната безбедност на Република Македонија, како и соодветно да ја заштити улогата и одговорноста на земјава како членка на НАТО алијансата“,

велат од МНР за „360 степени“.
Порталот Алмакос, повикувајќи се на извори од Министерството за надворешни работи, објави дека минатата среда повторно бил депортиран висок руски дипломат.

Станува збор за заменик-военото аташе А. Шевченко, кој според извори на Алмакос презел несоодветни дипломатски дејствија.

Во мај годинава, еден руски дипломат во земјава беше прогласен за персона нон грата, а како причина за протерување на дипломатот се посочуваат активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат што служи во земјата домаќин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This