СКАНДАЛИТЕ НА СДСМ НЕ ПРЕСТАНУВААТ:Рашковски ја назначил мајката нa сопругата за член на повеќе комисии и Управен одбор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драги Рашковски, Генералниот Секретар во Владата на СДСМ и најдобар пријател и сограѓанин на премиерот Зоран Заев, е симбол за невиден непотизам во државните институции.

Прво почна со именување на мајката на неговата сопруга во државните институции. Малку и било да биде дел од една и затоа таа беше назначена на две места. Едното е “Претседател на комисија во централниот регистар“, додека другото место е член на управен одбор на “ЈП за Берзанско работење Агро Берза“.

Но, тука Рашковски не запира. Неговиот близок другар, aдвокатот Дејан Костиќ и сведок на неговата свадба е избран да биде адвокат на неколку државни институции за сума од неколку десетици илјади денари.

Во емисијата „Проверено“ на 24 Вести, се зборуваше за сите прекршувања на закон од страна на Рашковски. Се открива и кој од своите блиски, на какви позиции ги поставувал.

За скандалот да биде поголем, неговата адвокатска фирма беше формирана само неколку дена пред да ги добие овие огромни ангажмани. Откако сите реагираа на овој коруптивен договор, Владата го раскина договорот со адвокатската фирма на Костиќ, но тој сепак не остана со празни раце. Го вработија како адвокат на МЕПСО, каде на месечно ниво зема голема плата.

Иако тогаш ВМРО-ДПМНЕ обвини за непотизам и за коруптивно дејство, сепак одговорност од Рашковски не беше никогаш побарана.

Скандалите никако да запрат кога се работи за името на Рашковски. Нов момент беше кога тој се самопредложил да биде дел од Собранието на Македонски Телеком. Значи, покрај големата плата која ја зема како Генерален секретар, тој си најде во тој момент нов извор на приходи од дополнителни 500 евра, но и овој пат под притисок на јавноста тој мораше да го напушти и ова место.

Рашковски и покрај сите овие скандали не престана со неговото неморално работење. Тој за негов посебен советник ја има вработена сопругата на неговиот најдобар пријател Дејан Костиќ, Оливера Кипровска Костиќ. Taa e ангажирана за следење на проекти и искористување на ИПА фондови во кабинетот на Рашковски и платата која ја зема воопшто не е мала. Таа изнесува 38.000 денари и е на 32 место според големина на ниво на Влада.

Од емисијата „Проверено“, побарале став од Оливера, но таа им спуштила слушалка. Рашковски, пак, на новинарите кои го контактирале, прво им викал и се заканувал, а потоа пробал да се оправда со писмен одговор.

Симптоматично е дека речиси на сите огласи кои ги објавува Владата се на одредени работни места има пријавено само еден кандидат кој ги исполнува само тие услови кои се препишани во огласот. Ваквото назначување на Костиќ е класичен судир на интереси и се коси со истоимениот закон.

Со ова назначувањето на Костиќ од страна на Рашковски несогласување има и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Тој во емисијата „Проверено“ на 24 Вести рече дека ќе ги разгледа сите овие факти,  ќе побара одговорност и ќе ги превземе сите чекори да го реши тоа.

Сите овие информации, со докази и одговори, можете да ги погледнете во видеото во продолжение.

СДСМ во предизборната кампања вети непартиска, професионална и ефикасна јавна администрација. Она за што сме сведоци во овие 8 месеци е дека СДСМ ја преполни државната и јавната администрација со партиски кадри на сите нивоа.

Членови на нивните потесни семејства, пријатели и познаници се поставуваат на високи места без конкурс и без посебни критериуми. Единствениот критериум е да се членови на СДСМ или да се блиски со некој висок функционер на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This