СКАНДАЛОЗНА ЗЛОУПОТРЕБА НА АКМИСОТ: Џолев распоредувал „пожелни“ судии за случаите на СЈО бајпасирајќи го АКМИС, покажуваат документите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот претседател на Кривичниот суд Иван Џолев на инвентивен начин го изигрува системот за распределба на предмети Акмис, а со тоа директно ја загрозува правната држава. Џолев со своја одлука го прескокнува акмисот односно со одлуката на еден судија му се доделуваат само нови предмети од 2018 година. Сите други судии работат на стари предмети кои можат да им застарат, со што се прави нееднаква и неправична распределба

Во прилог на ова оди одлуката која добивме од висок претставник на судот кој сакаше да остане анонимен. Меѓу фотографиите има и членови од деловникот од кој може да увидиме дека одлуката на претседателот на Кривичниот суд е спротивна на истиот.

Политичкиот прогон и партискиот реваншизам веќе 9 месеци е секојдневие во Македонија, а Специјалното Јавно Обвинителство стана обвинителство за прогон на неистомислениците на Заев и членови на ВМРО-ДПМНЕ. Интересно е тоа што сите постапки за предметите на СЈО започнаа од ново и добија нови броеви. Ако вака се распоредени предметите на СЈО тогаш се дадени на однапред предодредени ,,пожелни судии’’ со што се докажува пристрасноста на судот .

Додека на ,,вмровците’’ им се случува старата добра ,,кадија те тужи, кадија те суди’’ , судењето за Поткуп на Заев постојано се одложува. Судот очигледно за едни е мајка за други е маќеа. И покрај неоспорливите аудио и видео докази дека премиерот бара поткуп од струмички бизнисмен, судот не може да одржи рочиште, а камо ли да го осуди премиерот на Македонија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This