April 28, 2024, 11:50 am

СКАНДАЛОЗНА ОДЛУКА НА ПРВАТА СЕДНИЦА НА ЗАЕВ: Ќе ја рушел оградата пред Владата, а не знае дека е поставена поради безбедност од тероризам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ ветуваше дека ќе гради, но првата донесена одлука е за рушење. Заев и СДСМ ќе ја тргаат оградата околу Владата на Република Македонија платена од граѓаните. Опседнат од Груевски, Заев наместо да гради, ќе ја рушел оградата која е поради безбедност од тероризам.

Новата Влада на  Заев има намера да ја урне оградата од ковано железо со која е обиколена владината зграда, објави вчера Телма. Можно е уривањето на оградата да биде ставено уште на денешниот дневен ред на собраниската седница и на истата ќе се утврди на кој начин ќе се демонтирала оградата.

Откако го укина екстерното, најави укинување на плаќање по учинок кај лекарите, нова реформа на Заев е уривање оградата околу Владата, потег со кој наводно ќе ја отворел Владата. Како што пренесоа сдсмовските медиуми, целта била околу владината зграда да се отворел просторот кој ќе бил слободен за движење на граѓаните.

Познавачите ова го коментираат како евтина, провидна, лицемерна и неискрена пропаганда на новиот премиер, кој е опседнат со Никола Груевски. Отвореност на Владата нема поврзаност со физичка ограда, туку со дела за народот, а наместо да создава нешто, Заев го укинува и руши тоа што направил неговиот претходник.

Речиси и да  нема Влада во светот која нема ограда, оградата е минимална безбедносна заштита од теризам кој денес толку го има на секаде што во нормални држави тоа не е тема дали треба или не треба ограда. Дали според логиката на Заев значи дека Обама или Трамп не се блиски со народот?

Владата на ВМРО-ДПМНЕ секогаш вратите на оградата ги држеше отворени, освен кога имаше безбедносни ризици особено за време на протести на „Шарените“ кои ги напаѓаа полицајците. Имаше отворени денови за прв пат во историјата и беше уникатен пример за отвореност. Сите членови на Владата беа многу често на терен, како никој пред нив, а Заев со овој чекор само покажува немање капацитет, недораснатост и деструктивност базирани на површност и евтин и провиден популизам.

Сите чекори на Заев досега се нешто да укине или сруши кое е направено од ВМРО-ДПМНЕ. Ако навистина сака да постигне отвореност за народот, СДСМ може да го отстрани обезбедување и секој да може да влезе кај Заев кога сака во секое време. Додека од надвор ја руши оградата за да глуми отвореност кон народот, внатре полицијата може да ги врати граѓаните од портирница.

Доколку Заев навистина се залага за таква отвореност, тогаш може да ги отпушти полицајците и да каже дека секој граѓанин може да го посети во секое време. Тогаш оградата нема никоку да му пречи.

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This