Скандалозно: Трамп во „невообичаено долг разговор“ го убедува државниот секретар на Џорџија „да најде гласови“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Разговорот трае еден час и се одвива меѓу Трамп, државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, и уште неколку високи републиканци.

Во разговорот американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, се обидел да го принуди државниот секретар на Џорџија да украде гласови во негова корист, објави Вашингтон пост со аудио снимката од разговорот достапна на следниот линк:

https://www.washingtonpost.com/video/politics/audio-trump-berates-ga-secretary-of-state-urges-him-to-find-votes/2021/01/03/aba64f5f-8c3c-490f-af34-618ccea732d7_video.html

Трамп во разговорот забележува дека луѓето во Џорџија се бесни.

„Гледај, сè што барам е да најдете 11.780 гласови“, вели Трамп, повторувајќи дека тие победиле на изборите.

Белата куќа сè уште не ги коментирала наводите и аудио-снимката. Ако снимката е автентична, тоа е веројатно најголемиот скандал во политичката кариера на Трамп.

Трамп ги загуби изборите на почетокот на ноември минатата година од демократот Џо Бајден. Но, тој не го признава поразот и тврди дека бил ограбен. Инаугурацијата на новиот претседател треба да се одржи на 20 јануари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This