СКАНДАЛОТ ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНУВАЊЕ ПРОДОЛЖУВА: Агенцијата финансирала формирање на НВО „Нексус“ каде префрлила 100.000 евра?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три дена од објавувањето на писмото кое до нашата редакција го испрати свиркач, вработен во Агенцијата за разузнавање, Инфомакс се обидува да добие одговори на прашањата кои излегоа од неговото сведоштво

Од обиди телефонски да стапиме во контакт, до официјалните канали на електронска комуникација. Нашите обиди беа неуспешни да добиеме одговор. Она што го добивме, повторно неофицијално е дека АР нема да даде одговор на прашањата кои ги имавме за нив, по што одлучивме да ги објавиме јавно, а од Агенцијата ќе имаат можност да одговорат.

Свиркачот кој во вторникот до нашата редкација испрати писмо, отвори нов скандал во врска со работењето на Агенцијата за разузнавање, поточно, открива дека припадници на АР работеле во невладини организации кои се занимаваат со теми од тероризам и анти-тероризам. Од нашето истражување произлезе дека невладината организација за која работеле припадници на АР е НВО „Нексус“, невладина организација чиј основач е сопругата на контроверзниот разузнувач Еролд Муслиу.

Оваа невладина организација, за една година ги зголемила приходите од нула (0) денари во приходи, на 100.000 евра (5.494.940,543). Дотациите на оваа невладина организација се тајни, односно не постојат информации од каде овие пари легнале на сметката на невладината „Нексус“ која се занимава со теми од спречување на тероризам и анти-тероризам, каде според свиркачот од АР, работат припадници на Агенцијата за разузнување на Р.Македонија.

„Во меѓувреме истиот човек обезбедува класифицирани информации за неговата сопруга која пак е претседател на НВО организација која се занимава со проекти од контра-тероризам. Таа дури има вработено и разузнавачи од АР, лојални на нејзиниот сопруг, кои работат на проекти од НВО-то. Некои од овие проекти се реализирани преку градоначалници на СДСМ блиски до Муслиу и највисокото раководство на СДСМ“ – тврди разузнувачот-свиркач за Инфомакс.

Едно од лицата кои работат во НВО „Нексус“ покрај Еролд Муслиу, како што инфомира изворот на Инфомакс, е и припадникот на АР Васко Шутаров. Што точно работат, кој ја финансира оваа невладина организација и дали овие лица имаат поминато полиграфски тест согласно чл.31 од законот за Агенцијата за разузнување не успеавме да дознаеме.

Во писмото од свиркачот во АР, беше наведено дека токму Еролд Муслиу е човекот кој во јавноста преку брифирање на новинари и политичари (Дамјан Манчевски) ја ширел лажната теза дека Ѓорѓе Иванов планирал прогласување на воена состојба на 27.април.

„Можеби најголемата штета е конструкцијата и лагата за инволвираност на Македонскиот претседател Иванов, и негови членови на кабинет заедно со припадници на АР во настаните на 27.Април 2017. Неговите лаги дека Иванов планирал да прогласи воена состојба веднаш по влегувањето во Собранието, направија голема политичка и лична штета на неколку членови на кабинетот на Иванов како и на неколкумина припадници на АР. Реалноста е дека секоја институција на државната безбедност собира разузнавачки информации на безбедносен настан каков што беше ониј во Парламентот, дирекнто од лице место. Тоа е нормална процедура. Но, со конструкциите на Еролд Муслиу, некои претставници на СДСМ како Мухамед Зекири или министерот Дамјан Манчевски успеаа да направат низа на обвинувања против Претседателот и АР, што резултираше со тужби за нив.“ – вели разузнавачот за Инфомакс.

На прашањата доставени до АР, на кои не успеаме да обезбедиме одговор, ќе оставиме можност од Агенцијата да упатат одговори на прашањата поставени јавно во овој текст.

Прашањата:
1. Дали АР стои зад основањето на НВО Нексус?
2. Дали лицето Васко Шутаров кој е консултант на НВО Нексус има работен однос во АР и дозвола за дополнителна дејност согласно чл.31 од законот за АР?
3. Дали лицето Еролд Муслиу подлежи на полиграфско тестирање како остантите вработен?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This