April 28, 2024, 11:51 am

Скандал: Владата ќе потроши 150 милиони долари за „ковчези од кевлар“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Што тоа се обврзала Владата на Република Македонија?

Според расположливите податоци, Армијата на Република Македонија во програмата за ЕРИП или Европска програма за докапитализација која ја иницира Стејт Департментот на САД, Македонија се обврзува на некои условувања кои треба да ги исполни.

Имено Стејт департментот на САД гради трајни безбедносни партнерства ширум светот (пази го ова) за да ги унапредува целите на националната безбедност на САД и да ги зајакне сојузниците и партнерите колективно да ја спречуваат агресијата, да ги намалат заканите, да одржуваат поволни регионални стратешки рамнотежи и да го подобрат споделувањето на товарот. Одделот, исто така, ја промовира меѓународната продажба на одбраната на САД и ги охрабрува европските партнери и сојузниците на НАТО да ги модернизираат своите воени сили со градење на интероперабилни сили на НАТО и отстранување на руската и советската оставина опрема од нивната структура на силите.

Како поддршка на овие цели, Одделот стратешки додели странско воено финансирање (ФМФ – FMF Foreign Military Financing) за избор на партнерски земји за набавка на одбранбени системи, обуки и услуги со потекло од САД, за да им помогне на партнерите да ги обезбедат своите легитимни потреби за самоодбрана, додека ги унапредуваат целите на САД и на националната безбедност на САД во регионот.

Преку ERIP, Одделот им помага на европските партнери и сојузници да се оддалечат од опремата од советско наследство и / или руско производство за да се намали руското влијание врз набавките за одбрана на партнерите и сојузниците.

Со тоа Македонија се обврзала да набавува во иднина и од сега само борбени системи и средства од американско производство (не е наведено, но и тоа како се подразбира меѓу редови), без при тоа да дозволи конкурентност, квалитет и задоволување на основните потреби согласно Македонските барања за безбедност, а со тоа произлегува нели и на НАТО алијансата каде сме земја членка.

За набавка на 56 возила Страјкер, Владата одлучила да потроши вкупно 150 милиони долари од кои 30 милиони се донација од САД, земјата која овие возила ги поседува.

Што е Страјкер?

Страјкер во Ирак – набилдан со „тешка решетка“ СЛАТ која наводно го штити од Рачни Фрлачи на Гранати

Striker e оклопно возило на пешадијата на тркала со конформација 8 х 8 (не на гасеници) наменето за брз и мобилен транспорт на пешадиска единица со оклопна заштита која ќе ги заштити транспортираните трупи до целното место на транспорт, боиште, зона на дејство, од дејство на основно и стандардно пешадиско вооружување и евентуално барем поголеми калибри од 12,7 мм или најзастапениот на боиштето 14,4 мм т.н. противавионски топ.

Во октомври 1999 година, генералот Ерик Шинсеки, тогашен началник на Генералштабот на армијата на САД, претставил план за трансформација на армијата што ќе и овозможи да се прилагоди на условите по Студената војна. Планот, наречен „Објективна сила“, би требало армијата да усвои флексибилна доктрина што ќе и овозможи брзо распоредување и да биде опремена за различни операции. Од урбана до рурална средина, под различни метео услови.

Во почетната фаза на планот се барал воведување на „привремено оклопно возило“, кое имаше за цел да го пополни јазот на способности помеѓу потешки и тешко вооружени, но не лесно распоредливи возила, како што е транспортерот на гасеници М2 Бредли, и лесно распоредливи возила што се лесно вооружени и заштитени, како што е Хамви (џиповите Хамер). Беше наречено „Привремено“ оклопно возило бидејќи првично требаше да биде привремена мерка се додека лесните воздушно-подвижни возила од програмата „Идни борбени системи со екипажни копнени возила“ не дојдат на свет. Ниту едно не се произведе пред програмата да се откаже.

Скоро една и пол година пред предвидениот рок, тимот на Џенерал моторс – Џенерал дајнамикс го доби договорот од 8 милијарди долари во ноември 2000 година за производство на 2.131 возило од варијанта на канадско/американскиот LAV-25 –(LAV III (Light Armored Vehicle)  за опремување на шест борбени екипи во состав на Бригадата за брзо распоредување до 2008 година.

Обединетата команда протестираше за доделувањето на договорот велејќи дека нивниот предлог чини помалку од половина од оној на Џенерал моторс – Џенерал дајнамикс. Но џабе. Проектот е одбран.

Во армијата на САД тогаш отворено се прашувале дали возилата се со уназадени и катастрофални карактеристики во споредба со возилата со кои може да се соочат во битка.

На 27 февруари 2002 година, Армијата официјално го преименувала „Привременото оклопно возило“ Страјкер и со тоа предвидено да се воведе во состав на Бригадата за брзо распоредување на САД.

Значи самата Армија на САД го нема доработено ова возило кое накратко кажано претставува полуфабрикат на LAV-25 или третата генерација на LAV III оклопно возило, кое само добило дополнителни модуларни композити (облоги за подобрена балистичка заштита), сендвич конструкција, на некои од варијантите и модуларно оружје (оружје кое по потреба од мисијата може да се монтира дополнително и со мал напор на екипажот)  

За суперлативите во перформансите на ова оклопно возило ќе можете и самите да најдете безброј пропагандни текстови или податоци на самиот произведувач на интернет, но она што ретко ќе го најдете е дека за тоа борбено возило има до сега два специјални дописи „протести“ до врховната команда на САД од високи чинови (значи тоа се „писмени протести“ еден полковник и еден генерал) до Командата што се однесуваат на катастрофалните перформанси на ова борбено возило како и безброј вицови на таа сметка на самите трупи кои го користат.

Оклопно возило кое може да заглави во било кој канал во скопско

Страјкер на воени вежби во Летонија

Споредено со сегашните перформанси на Страјкер и основниот LAV III / LAV-25 основното оклопно возило кое се уште и до денешен ден го користат Маринскиот Корпус на САД (популарно наречени маринци) истите забележале голем број на недостатоци во споредба со новиот продукт Страјкер кој впрочем македонската влада сака да го купи.

Имено целата „флота“ на Страјкер била дури 6 пати враќана во погоните на Џенерал Моторс и Џенерал Дајнамикс за да се унапредува и повторно се забележани следните недостатоци од самите корисници на возилото:

  • Страјкер не е амфибиско возило (замислете во Македонски услови – возилото ако влезе во коритото на Вардар или Треска единствено е гарантирано дека ќе се движи дур тркалата колку толку допираат на тлото во речното корито и ќе биде потребно да се ангажира инженериско возило да биде извлечено);
  • Страјкер не е ни водоотпорно возило – Произведувачот не гарантира дека ако биде надмината висината на водата над оската на тркалата дека истиот нема да биде проблем за движење на возилото или евентуално работата моторот;
  • Страјкер не дава доволна балистичка заштита – Според едниот од протестите на генералите кои го користеле во Ирак, Страјкер бил правен „швајцарско сирење“ во Мосул од калибри поголеми од 12,7 мм односно ова возило покрај дополнителната решетка бил вратен на прва доработка односно конструкцијата била зајакната со панцир плочи со цел да заштитат директен погодок од проектили со калибар од барем 14,4 мм. Возилото набргу добило дополнителна тежина (првична надградба од дополнителни 3 тони по возило, што веднаш резултирало со исклучување на можноста да биде транспортиран со транспортниот авион Ц-130 Херкулес).
  • Страјкер е не ефикасен – проблемите со балистичката заштита довеле до тоа Страјкер да не може да биде транспортиран со авиони Ц-130 Херкулес како и проблеми со намалување од 3 на 2 парчиња транспортирани во еден Ц-17 Глоубмастер III транспортниот авион. Но проблемите со тежината не застанале таму. Повторното распоредување во Ирак и во Авганистан и проблемите со кои се соочиле единиците довело до неверојатни 3 надградби кои масата на секое возило ја зголемиле за неверојатни дополнителни 5 тони. Страјкер добил оскудна заштита од минско експлозивни средства со таканаречениот V-shape оклоп, кој и покрај вградувањето повторно бил доработуван уште два пати во 2008-ма и 2011-та со double V-shape (двоен под трупен В облик на оклоп) со цел да се заштити од против оклопните импровизирани мини кои го праеле парче. Оваа конформација добила уште повеќе проблеми на конструкцијата и намалена мобилност и перформанси кои станале преголеми што повторно довело до проблеми на терен и нефункционалност на боиштата каде е користен, особено Авганистан.

Поради преголемата тежина возилото е неупотребливо во каллив и мочуришен предел, целосно неспособно за преминување водени препреки од класа на мала река (длабочина поголема од 1,5 метри).

  • Доработка ДВХ1 – кога проблемите станале незаобиколни, а единиците веќе започнале да го нарекуваат „ковчег од кевлар“, цела флота на Страјкер во 2012 година е испратена на доработка повторно кај произведувачот за да добие посилен мотор, помоќна суспензија, решетки како додаток за заштита од рачни фрлачи на гранати, гуми резистентни на оган и ред други додатоци. 
  • Доработка ДВХ А1 – во 2016 та година дополнително опремување со суспензија и санирање на оклопите од преголемото „користење во борбени услови“ (!!!) појава на пукнатини на конструкцијата поради екстензивните оф роад услови во Авганистан и преголемата тежина надвор од проектираната.

Страјкер денес од првично проектираните максимални 14 тони, возилото со сите потребни додатоци да го преживее боиштето тежи вкупно неверојатни 20 тони, што е надвор од секоја дефиниција за мобилност.

Поради големата висина и додатоците кои се вградени, возилото има проблем со изместена стабилност и е склоно кон превртување, за што повторно беше интервенирано во неговата суспензија во редовното користење.
Според оперативата, Страјкер има недостаток на огнена моќ. По искуствата во Сирија, за Американските единици за брзо распоредување во план е дополнително опремување со топ од 20 или 30 мм и против оклопни проектили Џавелин со цел истото да биде употребливо и во борба со „по тврди“ цели или евентуална противоклопна борба, но погоре наведените недостатоци ниту се надминати ниту има решение за истите.

Американската војска поради политичкиот притисок за нивно користење (пред се за да се оправдаат вкупно над 5 милијарди долари потрошени во подобрувања, додатоци и т.н. осовременувања на дизајн кој од поодамна е надминат) не ги бележи никаде неговите искуства. Главно извештаите се сочинуваат од внимателно бирани изјави, што доведе до тоа Армијата да мора да ангажира таканаречени независни сондажи кај војниците кои го користеле ова возило.

На боиштето ова возило претставувало „лотарија за живот“ ако си возач во истото. Поради несоодветната положба на возачот и командирот во конструкцијата Страјкер, најголемите жртви се забележани на возачкото место од причини што извлекувањето на ранет или онеспособен возач е отежнато и од надворешна и од внатрешна страна на возилото.

Посадата на возилото единствената предност над гасеничарите транспортери од типот Бредли ја гледало во брзината движење и извлекувањето од боиште или загрозена зона на дејствување. Па сепак тоа не било предност и имале најтешки губитоци на Страјкер опремените бригади меѓу кои се наведуваат 5тата бригада од 2-та пешадиска дивизија во Авганистан која во текот на една година распоредување има изгубено 37 војници и 238 ранети.

Страјкер уништен од импровизирани против оклопни средства во Ирак

Еден од офицерите на мисијата во Авганистан ја има кажано и анегдотата повразана со Страјкер – „Страјкер е само машина за мелење нечии даночни пари. Страјкер не е ништо поефикасен од еден БТР-60 туку само е потежок од него и поради тоа кога Катерпиларот (Моторот на возилото Катерпилар) ќе затаи прашање е дали возилото за извлекување ќе може да го извлече во база пред да се преврти по пат“.

Ако е за споредба околу некаков квалитет на оклопните возила LAV-25 од кого првично е развиен Страјкер, тие и понатаму успешно се користат во Маринскиот корпус на САД и прочуената 82-ра падобранска дивизија од Форт Брег. Идејата за замена на LAV-25 со наводно понапредниот и модернизиран Страјкер во овие единици е одбиена со наведување на недостатоците и катастрофалните перформанси на  Страјкер.

Можеме слободно да заклучиме дека Владата на Република Македонија без никакви критериуми ќе потроши еден куп пари на македонските даночни обврзници, за тешки оклопни возила кои далеку заостануваат во перформансите од постоечките кои ги има во арсеналот на АРМ.

Да потсетиме во арсеналот на АРМ се вклучени многу понапредните, амфибиски и двојно позаштитени и огнено помоќни 22 оклопни возила БТР-80 и 60 оклопни возила од типот БТР-70 од иста класа 8 х 8 оклопни возила, како и околу 100 Хермелин транспортери кои севкупно далеку ги надминуваат перформансите на Страјкер. Истите возила можат со значително помала сума на пари да се адаптираат и опремат да бидат компатибилни по НАТО стандарди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This