Скандал во Автомобилистичката федерација – Трките се фамилијарни: Милиони денари завршуваат на сметка на неколку тимови, мнозинството во сопственост на раководството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија мора да е многу богата држава… Ова е првото нешто кое паѓа на памет ако земеме во предвид колку и од што се се крадат народните пари кои како водата секогаш завршуваат онаму каде има најмал отпор, онаму каде што има власт и непотизам.

Од 2018-та година автомобилзмот како спорт во Македонија е во надолна линија голема причина за ваквата состоја во овој спорт е фактот што има се помал број на тимови, а за тоа причината не е намалениот интерес туку забраната за бавење со дејноста на десетици клубови кои имаа богата историја во овој спорт.

Приказната започнува со поставувањето на Виктор Давидовски на позицијата претседател на Автомобилската федерација, поставување кое било пречекано со индигнација од членовите на Управниот одбор на федерацијата поради фактот што тој има богата историја во спортот, а на клубовите им ветил подигање на стандардите во автомобилизмот во Македонија.

Проблемите за автомобилските клубови настанале со поставувањето на Ранко Станојковски за претседател за спорт во федерацијата, а неговата ќерка Кристина Станојковска за заменик претседател во Федерацијата. Сопругата пак на Станојковски е член на Управниот одбор на Федерацијата.

Откако имал два мандати како генерален секретар на Автомобилската федерација, Ранко Станојковски добил нов мандат како претседател за спорт, но и овластено лице кое ја застапува АФМ, тој издејствувал скандалозно решение во федерацијата со кое не се дозволуваат тренинзи на мото клубовите без дозвола од федерацијата.

Поради ваквата одлука на федерацијата неколку реномирани автомобилски клубови кои мораат да организираат тренинзи за да не ги изложуваат своите возачи на ризик поради недостаток на подготовки, ризик кој може да заврши со смртни последици во овој спорт, организираат тренинзи без дозвола на Федерацијата по што експресно се исклучени.

После исклучувањто на голем број клубови од федерацијата во АФМ членуваат само 6 полноправни членки АК Перформанс, АКК Проспорт, АКК Пулстарс, АКК Свифт Рејсинг, АКК Сити, АКК Џи Форс.

Како спортски членки на АФМ се регистрирани АК ПСС, АКК Стефановски, АКК Скопје, АКК Ренот спорт, АКК Фичо 600.

Проблематично е што од 11 клубови 3 се во сопственост на лица кои се дел од раководството на Автомобилистичката Федерација на Македонија. Имено клубот ПСС е во сопственост на претседателот на Федерацијата Виктор Давидовски додека клубот Перформанс е во сопственост на Сивлија Станојковски сопруга на Ранко Станојковски, а клубот Сити е во сопственост на поранешниот сопруг на заменик претседателката на Федерацијата, Кристина Стојановска.

Агенцијата за млади и спорт ја финансираат Автомобилската федерација на Македонија, а илјадиници евра секоја година завршуваат на сметка на федерацијата, а потоа преку распределба на средства на сметките на автомобилските клубови од кои речиси една четвртина се во сопственост на раководството на Федерацијата.

Време е антикоруциската комисија да се позанимава со овој предмет, а според тоа каде и како завршувале парите има материјал кој би можел да го привлече вниманието и на Јавното Обвинителство .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This