Скопјанец o6винeт зa пoceдyвaњe нa peчиcи 20 килoгpaми mapихyaнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 43-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 21-ви јануари, во патничко возило Шкода фабиа, на паркинг простор на улицата „Јадранска магистрала“, неовластено заради продажба држел 19,98 килограми наркотична дрога марихуана спакувана во две најлонски црни вреќи. При претрес на автомобилот, полициски службеници ја пронашле и одзеле дрогата.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, ценејќи дека постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото кое му се става на товар.​​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This