Koвачев со нова пpoвокација: Во Македонија има 200 илјади бугарски пасоши, познавам и политичари кои имаат бугарски пасош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европратеникот од редовите на Европската народна партија, Андреј Ковачев објави интересен статус на социјалната мрежа facebook, каде што ја коментира веста објавена од бугарскиот дневен весник „Монитор“ дека повеќе од 9000 илјади граѓани на РС Македонија добиле бугарско државјанство врз основ на потекло, во текот на минатата 2020 година.

Ковачев истакнува дека во моментот има над 140 000 македонски државјани кои не се Албанци, Власи, Турци, Роми или Срби, и поседуваат бугарски документи. Заедно со луѓето што чекаат одобрување на нивните барања бројката според Ковачев нараснува до 200 000. Самиот тој наведува дека во тие 200 000 бугарски државјани има некои кои не се искрени во своите бугарски чувства и ги земале бугарските документи за да можат да ги користат предностите на бугарскиот европски пасош од инаку мразената од нив „Татаро- Бугарија“.

Ковачев потсетува дека тие лица што го направиле тоа од опортунизам или поради околностите „како што би кажал сврх реалистот и претседател г. Пендаровски“ потполниле лажни Декларации дека се чувствуваат Бугари и поради таа причина треба да поднесат правна одговорност во Бугарија, и срамот во Македонија дека се предавници на сегашната официјална доктрина „немаме ништо заедничко со Бугарите“.

Ковачев тврди дека според негова лична опсервација многу луѓе освен тоа што се опортунисти се и реалисти и не можат јавно да признаат дека тие имаат бугарско државјанство. Тие знаат многу добро вели Ковачев дека да бидеш Бугарин во Македонија сѐ уште е тежок товар па дури и пресуда. Некои од реалистите според бугарскиот европратеник за да ја прикријат својата врска со мајка Бугарија и декларираниот од самите нив бугарски идентитет дури и јавно ја шират најзлобната антибугарска реторика и пропаганда.

„Познавам лично такви. Ги има сегашни и поранешни политичари. И левичари и десничари. Има неуспешни кандидат- политичари има виши државни службеници, бизнисмени, новинари, јавни личности, ги има секакви. Некои од нив дури сега читајќи ги тие редови се препознаваат самите себе, мислејќи дека напишаното е наменето за нив лично. Не е лично до вас, бидете спокојни. Нема да цитирам имиња“, пишува Ковачев во својот статус.

Според Ковачев тие луѓе се жртва на стравот да се декларираш како Бугарин. Доказ за тој страв е фактот што ниту еден човек што се наоѓа на функција и своерачно потпишал Декларација за бугарско етничко самосознание, нема да се осмели да коментира под неговата facebook oбјава.

„Кога тој страв или како што би кажал Пендаровски кога тие „околности“ се премостат, стотиците илјади Бугари во Македонија ќе се покажат, докажат и факторизираат сами. И како што рече пред извесно време „претседателот реалист“ – ќе бидат како Гоце- беспорно декларирани Бугари кои ја сакаат и се борат за независна Македонија“, завршува Ковачев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This