April 28, 2024, 12:53 am

СКОПЈАНИ ЌЕ ГО ГЛЕДААТ ЛУНА ПАРКОТ САМО НА СЛИKА: Ќе почекаме до 2020 за да биде пуштен во употреба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопјани ќе го видат новиот Луна Парк, но само во 3Д презентација. Наредната недела скопскиот градоначалник ќе го покаже проектот како би изгледал паркот, кој никако да почне да го реализира. Како ќе изгледа новиот Луна парк, градоначалникот рече дека ќе дознаеме наскоро.

Ако се cyди според најавите на градските власти, по се изгледа дека забавниот парк ќе биде пуштен во употреба веќе од средина на 2020. Шилегов се сигурен дека повеќе нема да губи време, и замислата ќе стане реалност. Зошто се чека толку време, градоначалникот рече дека не сака да импровизира, за што било потребно време за проектот квалитетно да се сработи.

Луна Паркот веќе неколку години не функционира. Градот под раководство на Коце Трајановски прво бараше приватен инвеститор, а откако не најде – реши самостојно да го обнови, за што веќе имаше и проект. По доаѓањето на Петре Шилегов активностите беа запрени и процедурата вратена на почеток. Сега вети дека работите тргнале од мpтвa точка и дека таму се работи.

Во меѓу време, скопјани се забавуваат на адpeналинскиот забавен парк поставен кај спортскиот центар Борис Трајковски, но само привремено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This