СКОПЈЕ НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО СВЕТОТ: Во Бангладеш е почисто отколку во Скопје, на Шилегов тоа не му смета!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светот разбра и за Скопје, градот утринава „гордо“ се искачи на лидерската позиција држејќи го првото место по загаденост на Земјата.

Градовите во Индија, Бангладеш, Пакистан, Индија, Монголија, Кина…на листата се далеку зад главниот град на Република Македонија. Македонската метропола се најде на врвот на листата според загаденоста на воздухот пред градови како Делхи и Калкута во Индија, Лахор во Пакистан, Улан Батор во Монголија, Ченгду и Пекинг во Кина.

За разлика од скопјани кои денеска дишат најзагаден воздух во светот, најчист воздух дишат жителите на Брисел, Лисабон, Будимпешта, Прага и Загреб.

 

 

Рангирањето на градовите во светот според загаденоста на воздухот може да се следи преку апликацијата „Квалитет на воздухот“ (Air Quality), која ги прикажува податоците од загадувањето во реално време. Загаденоста се мери преку единствен индекс, кој го сочинуваат вредностите на штетните ПМ 10 честички, јаглерод моноксид, натриум диоксид, сулфур диоксид и озон. Во Скопје утрово овој индекс изнесуваше 191, што е највисок споредено со сите други градови во светот. За споредба, градовите со најчист воздух денеска имаат индекс 10.

Мерните единици покажуваат енормно зголемување на ПМ10 честичките, кај  Ректорат 395  микрограми на метар кубен, Карпош 383, Центар 316, Лисиче, 291 и Гази Баба 261.

Вчера во текот на вечерта загаденоста на воздухот кај ректоратот изнесувал рекордни 569 микрограми на метар кубен, во скопско Лисиче загаденоста изнесувала 484 микрограми на метар кубен, во Карпош пак загаденоста изнесувала 427 милиграми на метар кубен, а во Центар 426 микрограми на метар кубен.

 

 

А освен во Скопје овие денови и за време на изминатиот викенд загадени биле и повеќе градови од Македонија, а меѓу најалармантна беше состојбата во Тетово и Куманово.

Скопјани ги минуваат можеби најстрашните денови, последната недела има интензивна висока загаденост на воздухот, во најголем дел од скопските општини.

Овие денови, како и утрово мерните единици покажуваат застрашувачки параметри, доказ за тоа е и зголемениот број на интервенции на итната помош.

Се повеќе граѓани се жалат на проблеми со дишење, а тие велат и дека потребни се итни нови мерки.

И додека градоначалникот на Скопје Петре Шилегов неодамна ги обвини граѓаните дека се виновни за загадениот воздух, но и посочи да не прават ријалити шоу од оваа тема, се уште нема преземено ниту една мерка од вкупно 39-те кои ги вети пред изборите.

Едно е сигурно, доколку продолжи неодговорноста на надлежните, на Скопје ќе му биде загарантирано првото место на листата уште долго време.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This