Скопје останува најголемо жариште, четирицифрени бројки и во неколку други градови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-447, Куманово-69, Дебар-9, Штип-39, Прилеп-60, Тетово-62, Струга-14, Велес-50, Битола-28, Охрид-18, Кавадарци-20, Гостивар-35, Гевгелија-29, Струмица-80, Крива Паланка-10, Радовиш-9, Крушево-3, Кочани-13, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-6, Виница-4, Делчево-10, Кратово-4, Свети Николе-5, Кичево-30, Ресен-4, Неготино-12.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 283 оздравени пациенти од: Скопје-142, Куманово-8, Штип-7, Прилеп-11, Тетово-21, Велес-6, Битола-13, Кавадарци-18, Гостивар-6, Гевгелија-9, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-7, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-10, Неготино-5.

Починaти се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 68 и 52г), еден од Куманово (27г), тројца од Прилеп (81, 82 и 49г), двајца пациенти од Тетово (87 и 77г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (67г) и еден пациент од Гостивар (65г). Сите се починaти во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 31572, бројката на оздравени пациенти е 20731, на починaти е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9847. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 13621, активни 4584
• Куманово 2313, активни 439
• Дебар 345, активни 67
• Штип 1683, активни 281
• Прилеп 1349, активни 494
• Тетово 2198, активни 547
• Струга 833, активни 115
• Велес 772, активни 380
• Битола 698, активни 279
• Охрид 715, активни 250
• Кавадарци 512, активни 211
• Гостивар 1216, активни 213
• Гевгелија 399, активни 192 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 66 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 956, активни 553
• Крива Паланка 242, активни 92
• Радовиш 239, активни 83
• Крушево 30, активни 9
• Кочани 718, активни 229
• Пробиштип 203, активни 67
• Демир Хисар 84, активни 18
• Македонски Брод 105, активни 9
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 211, активни 50
• Валандово 108, активни 42
• Виница 181, активни 70
• Делчево 256, активни 125 (64 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 54, активни 24
• Свети Николе 486, активни 90
• Кичево 579, активни 179
• Ресен 248, активни 64
• Неготино 158, активни 83 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This