СЛАВЕСКИ: Бројката на граѓани кои останаа без работа не е за потценување, таа и натаму ќе расте

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коронавирусот и економската криза како резултат на светската пандемија ќе остават многу граѓани на Република Македонија без работа доколку Владата итно не интервенира и не им помогне на компаниите, прогнозираше професорот и член на Извшрниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески. Според него бројката на граѓани кои досега го загубиле работно место е голема и не е за потценување, но заж тој вели дека бројката и натаму ќе расте. Причината за ова професорот ја гледа во тоа што државата досега не се одважи да им помогне на компаниите.

-Таа цифра не е за потценување и мислам дека ќе расте, а ќе го поврзам одговорот со она што го кажав на почетокот. Неизвесноста особено кај микро, средните, малите претпријатија, семејните бизниси од состојбата и отсуството на помош, сега и овде ги тера во таква ситуација да не знаат каква ќе биде иднината. Тоа се бизниси кои што работат со дневна ликвидност од дневниот пазар и според сите анализи не можат да издржат седум дена доколку се надвор од бизнис, доколку се затворени. И сега ставете се вие во таква ситуација некој да ви ветува дека помошта ќе стигне во првата половина на мај и вие немате друго решение, не гледате спас од онаа мерка дека може да алицирате кредит во банката за поддршка на развојот. Ние слушнавме во интервјуто на Заев, не знам колку е точно дека само 25 проценти од оние 5,5 милиони евра што беа алоцирани за оваа намена, досега има апликации за нив. Значи ако сте во таква ситуација најприродно испаќа дека времето че треба вработените да ги препуштите на Агенцијата за вработување затоа што таму системски, законски се згрижени, вели Славевки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This