Славески: Мерките на власта со контраефект, уште повеќе ја продлaбочија kpизата на здравствено и економско ниво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ние ја штитиме економијата, штитиме сектори кои што учествуваат со мал процент во БДП, младите прават журки, на 30 сантиметри се едни од други конзумирајќи алкохол и пијалоци, ги заразуваат сопствените родители што крајно се чуваат, на работните места каде што се нивните родители работодавачите трошат значителни средства за заштитна опрема, за внимателно превезување на патниците и слично, а заразата доаѓа од она што ние сакаме да го либерализираме“, истакна Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во „24 Анализа“ каде што ги критикуваше мерките на власта за справување со КОВИД кризата.

-Така што економијата трпи во многу посредно, еве и со мерките, зар не можеше да се помогне во организацијата за превозот на вработените, па дури и на јавниот превоз кој што можеме да видиме од сликите дека е извор на опасности за заразување. Така што да тврдиме кога сме меѓу првите 5-6 или 7 земји во светот по смртноста на 100.000 жители или на милион жители, кога немаме ниту една вакцина за населението, да тврдиме дека успешно ја менаџираме кризата, мислам дека не им правиме добра услуга и на оние кои што ги штитиме, истакна Славески.

Тој додаде дека мерките на власта не вродија со плод туку уште повеќе ја продлабочија кризата на здравствено и економско ниво.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This