Славески со лекција за Ангеловска: Ако сакавте да им помогнете на граѓаните тоа веќе ќе го имавте направено

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во гостувањето во Топ Тема професорот и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески посочи дека ветувањето за платежна картичка и пари за директна помош на граѓаните е само уште едно предизборно ветување на СДСМ како што беше ветено од страна на СДСМ просечна плата од 500 евра. Ако Владата на СДСМ сакаше навистина да им помогне на граѓаните тоа веќе беше сторено посочи Славески.

-Најефикасно, наједноставно ќе беше за граѓаните. Ќе беше и според законот доколку Владата која е политичка и покрај тоа што имаме техничка Влада гледаме дека и претседателот на СДСМ пред сите ги најавува мерките па ги објаснува и дообјаснува, итн. Ова треба да се сфати само како едно предизборно ветување. Внимавајте, партиите ветуваат пред изборите, некои се трудат повеќе, некои помалку ветувањата да бидат реални за да можат да ги исполнат. Ќе видиме сето ова како ќе заврши, да беше намерата на најлесен начин на граѓаните да им се помогне, тоа веќе ќе беше направено. Ако имавте доволно средства во буџетот сега веќе граѓаните кои сакате да ги помогнете ќе ги имаа на своите трансакциски сметки парите. Како што тоа се прави во другите земји. Не сум слушнал дека сега се предвидуваат некои платежни картички за кои ќе треба да се воспоставува нов систем, да се издаваат. Ова по моја проценка без разлика кога ќе бидат изборите, за целата оваа работа се потребни месеци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This