April 28, 2024, 12:41 am

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА СЈО: Се озаконува политичкиот пpoгон, Законот за СЈО и Антикорупциска наредната недела на Собраниска седница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Приоритетен- под оваа референца законот со кој практично, се продолжува мандатот на СЈО, наредната недела ќе биде ставен на собраниска седница. Оваа информација уследи неколку часа откако шефот на државата Иванов го потпиша законот за амнестија.  Следната недела е вакуум простор кога Собранието не ги третира крупните прашања, па сместени се на дневен ред овој и уште некои други важни, т.н. реформски, за кои денеска разговарале пратениците од телото за помирување.

Власта му го продолжува животот на СЈО во време кога ЈОРМ се жали дека нема пари и нема кадар. Со новиот закон, предложен пред околу две недели,  специјалното добива солиден буџет и ингеренции идентични со оние на државното. Второто барало повисоки плати од министерството за финансии но одговор не добило.

Кога законот ќе помине СЈО ќе има ингеренции да истражува и гони кривични дела извршени од Претседателот на Македонија, поставените амбасадори и други претставници во странство и именувани лица од Претседателот, функционери во и од Собранието и Владата, но и во истраги во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители и избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа.

Практично: паралелна институција со државното обвинителство, која, по усвојувањето на законот и нема зошто повеќе да се нарекува „специјална“. Логично, се наметнува прашањето во што е оправданоста на постоење на паралелно обвинителство? За дел од правниците ова е класичен упад во постојниот правен систем на Македонија, во време кога државата треба да се бори за владеење на правото ако сака ЕУ да и ја отвори вратата.

Инаку телото за помирување ќе пегла детали заедно со Владата за уште 19 други закони од групата реформски, за кои е потребно двотретинско мнозинство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This