СЛЕДНОТО BETO Е ОД БУГАРИЈА: Две третини анкетирани од портал во Бугарија се за вeтo за Македонија во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца од тројца учесници во анкетата на бугарскиот портал „Топ новини“ направена минатата седмица се изјасниле за блокирање на пристапувањето на Македонија кон Европска унија.

На прашањето „треба ли да ја блокираме С Македонија во ЕУ“ дури 63,41 проценти од анкетираните се определиле за одговорот „да, зошто С Македонија ја користи нашата поддршка без да си ги промени позициите“.

„Да, зошто С Македонија уште не е подготвена за членство“, одговориле 5,23 отсто.

Една четвртина од анкетираните не се за блокада, при што 11,85 проценти од вкупниот број учесници го избрале одговорот „не, зошто во наш интерес е С Македонија да е наш сојузник во ЕУ“, а 12,54 отсто „не, зошто сме братски народи и треба да се поддржуваме“.

Немаат мислење 1,39 проценти, а 5,57 отсто одговориле „не ме интересира“.

Повод за анкетата на порталот што обединува 15 регионални сајтови е ултиматумот од вицепремиерот Красимир Каракачанов дека неговата ВМРО ќе ја напушти Владата на премиерот Бојко Борисов ако Бугарија не ги искористи своите инструменти за влијание против „континуираната кражба на бугарската историја во С Македонија и антибугарските политики во сфери како што е образованието“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This