Слобода на говор на дело: Твитер блokираше профил бидејќи ги споделувал објавите на Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Социјалната мрежа „Твитер“ ја суспендираше сметката на лицето кое ги објави објавите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп од новата платформа за комуникација.

Авторот на сметката тврди дека твитнал во име на Трамп, објави Би-Би-Си.

Портпарол на Твитер изјави дека сметката @ DJTDesk ги прекршила нивните правила споделувајќи содржина поврзана со трајно избришаната сметка, во овој случај сметката на Доналд Трамп, која беше избришана по немирите во Капитол во Вашингтон на 6 јануари, кога беа убиени пет лица.

Би-Би-Си додава дека нивните новинари пронашле слични сметки кои сè уште се активни на „Твитер“.

Во вторникот, Трамп ја лансираше својата платформа наречена „Од бирото на Доналд Трамп“.

БиБиСи обележа уште четири сметки со слични врски кои објавуваат содржина од новата платформа на Трамп, но компанијата „Твитер“ сè уште нема одговор на прашањето што ќе се случи со тие сметки, пренесува Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This