Словeнeчки мeдиyм ја „погpeба“ Македонија, „на добар е фopмирањето Голема Албанија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словенечкото списание „Домовина“ во подолга статија детално се осврнува на епилогот од изборите во Македонија, за на крајот од написот во уредничкиот коментар да констатира дека „пат позицијата ја покажува насоката на Голема Албанија“.

„Коалицијата не е изненадување со оглед на изборниот резултат. Како и да е, факт е дека ДУИ, како етничка партија на поранешните борци на ОНА, ќе биде тежок преговарач. Нивното барање за премиер Албанец веќе покажува дека тие не се угнетувани во Македонија веќе подолго време, попрво можеме да забележиме тиранија на малцинството, кое демографски полека станува мнозинство.

Како партија, ДУИ е свесна дека нема коалиција без нив, така што тие можат да изнудат речиси сè додека длабоко спротивставените македонски партии не можат да се соединат во коалиција. Во меѓувреме, мнозинството пред сè перспективни млади луѓе ја напуштаат земјата и бараат подобар живот на друго место.

Лекцијата не е занемарлива ниту за Словенија, каде што албанската заедница станува сè побројна. Веќе пишувавме за проблемите што се јавуваат во некои словенечки градови како резултат на незнаењето на словенечкиот јазик кај албанските доселеници.

Во Словенија државјаните и доселениците со албанско потекло имаат голем сојузник во привремениот лидер на социјалдемократите Тања Фајон, која досегашниот претседател Дејан Жидан ја гледа и како идна премиерка на Словенија. За нејзините заслуги за албанскиот народ, во Тирана пред неколку години е отворен бар ‘Фајон’“, се вели во уредничкиот коментар објавен во онлајн изданието на „Домовина“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This