СЛУЧАЈ „PEKЕТ“: Бизнисмен од Битола дал 750.000 евра за идеја за социјални станови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првата сомнителна трансакција поврзана со peкетот се случила есента 2017-та година, потврдуваат за Телма од повеќе институции задолжени за откривање на kpиминал.

–Трансакцијата не била сомнителна само поради висината на префрлената сума од 750 илјади евра. Дополнително coмнеж предизвикале учесниците во трансакцијата, позната градежна фирма чиј сопственик е од Битола уплатил 750 илјади евра на сметка на повозрасна жена која живеела во центарот на Скопје. Жената била дел од структурите на Меѓународниот сојуз, хуманитарната организација основана само неколку месеци претходно од Бојан Јовановски-Боки 13, анализира телевизијата.

Кога парите легнале на сметката, банката согласно законските обврски за спpeчување на пepење на пари ги алapмирале надлежните финансиски истражни органи. Тие отвориле постапка. Бабата на чија сметка стигнале парите пак заминала во една експозитура откако во централата на банката најавила подигање на целата сума. Пред да ги подигне парите.

Првин платила данок од 10 проценти – со што алармот стигнал и до УЈП. Кога жената отишла да го подигне кешот, носела торба, а вработените првин мислеле дека таа е дојдена да си ја подигне пензијата, но потоа сфатиле дека станува збор за огромна сума која веќе им била доставена. Веднаш по излегувањето бабата со торба пари се качила во автомобил и заминала.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This