Сменета формулација, поддршка од ЕУ за Бугарија: Жecток состанок во Брисел, тема била и Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министрите за надворешни работи на ЕУ тешко дека можеа да најдат заеднички јазик за проширувањето кон Западен Балкан, сепак потврдувајќи, по дискусијата во која имало жестоки несогласувања, дека ќе им овозможат на шест балкански земји еден ден да и се приклучат на Унијата, пишува бриселскиот портал Еуроактив.

Во текстот на заклучоците на министерскиот состанок на 14 декември, Еурактив потсетува дека пред една година, владите на ЕУ не можеа да се договорат за изјава која требаше да ја поттикне стратегијата на ЕУ за пристапувањето на секстетот од Западен Балкан, како и дека овогодинешните преговори за заедничка позиција на ЕУ исто така беа тешки.

Новата бугарска влада допрва треба да го укине правото на вето од нејзините претходници за почеток на преговорите за членство во Македонија во ЕУ и решавање на спорот околу историјата и јазикот, иако за тој процес ќе биде потребно време, пишува Еуроактив. Бугарската делегација успеа да ја блокира формулацијата поврзана со започнувањето на процесот оваа година, а зборовите: „што е можно поскоро оваа година“, кои се појавуваат во претходната верзија на документот од Еурактив се промени во „Советот се радува на првата меѓувладина конференција што е можно поскоро по одобрувањето на преговарачката рамка на Советот“, наведува порталот.

Според порталот, вториот дел од заклучоците беше задржан од страна на Загреб, кој ги поддржа барањата на етничките Хрвати во Босна и Херцеговина. Според информациите на Еурактив ,,Германија и Холандија беа против хрватските амандмани, но на крајот се согласија на промени во замена за благослов на Бугарија во формулацијата во однос на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This