СМЕТКОВОДИТЕЛКАТА НА КАМЧЕВ МУ ОДНЕЛА 710 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во февруари таа од две сметки извадила 39 милиони денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сметководителката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска сведочи дека во февруар месец кога впрочем е исплатен милионот на Боки 13 и Зоки Кичеец семејството Камчеви обезбедило 39 милиони денари кои што таа ги претворила во евра и ги однела во домот на бизнисменот.

-Во февруар од сметката на Кристина се извадени 18 милиони и нешто денари, а од сметката на Ратка Куновска Камчева извадени се 21 милион денар. Овие пари заедно со обезбедување отидовв во менувачница, ги направив во евра. Со обезбедување се вратив со кола, отидовме дома кај господинот Камчев. Од задната врата влеговме, тој не чекаше во неговиот кабинет што му е дома. Парите ги средивме, односно направивме спецификација на апоени, ја препишав спецификацијата да биде почитка и си отидов, вели Бошковска.

Претворено во евра сумата која му била доставена на Камчев била 710 илјади евра. Боки 13 ја спореше сумата на пари која се наоѓала во Луј Витон торбата поради тоа што истата претходно била носена во две спортски торби, но сведокот Бошковска посочи дека сумата која таа ја носела во две спортски торби била во денари, а истата во евра би можела да се пренесе во една обична торба.

Бошковска истакна дека не знаела за која цел се средствата кои му ги доставила на Камчев и не знаела дека е снимана во домот на Камчеви.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This