Снимател/монтажер и новинарка станаа специјални советници во Владата на Р.Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарската истражувачка мрежа – ИРЛ Македонија, објави истражување за начинот на распределба на советничките позиции во министерските кабинети, кои, според новинарите на ИРЛ не се распоредуваат мериторно – согласно квалфификациите, туку исклучиво како партиска заслуга.

За пример се земени последните две вработувања во кабинетот на министерот за земјоделство, како и во кабинетот на министерот за труд и социјални работи.

– Снимателот и монтажер Тони Николовски, сопруг на поранешната советничка на премиерот Зоран Заев, Ленче Николовска, стана посебен советник за односи со јавност на министерот за земјоделие и шумарство. Телевизиската водителката Зорица Андреева и’ стана советник за евроинтеграции на министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска. И двајцата не се експерти во својата област. Но, ним и речиси целиот список на посебни советници во Владата ги врзува една работа – лојалноста кон владејачките партии, пишуваат од ИРЛ.

Во последниот извештај на Европската Унија, токму сегментот за реформа во јавната администрацја е помеѓу послабите алки во процесот на исполнување на Копенхашките критериуми.

„Државната комисија за спречување на корупција продолжи да ги адресира обвинувањата за непотизам, кронизам и политичко влијание во процесот на вработување на во јавниот сектор. Треба да се обезбеди соодветно следење на извештаите и препораките на Државната комисија“, пишува во Извештајот.

Токму министрите ги направија првите вработувања во јавната администрација. Во следните две недели ќе се бираат функционерите од третиот ешалон – директори на јавни институции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This