СНИМКА ОД ДРОН: Мицкоски од Кочани порача дека и по цена на политичката кариера, тој, неговите синови и внуци се и ќе останат Македонци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако го спомнеш името Македонија ќе те прогласат за антиевропеец, ќе те прогласат за неконструктивец, ќе те прогласат дека си изолационалиста. Не бре браќа и сестри, ние сме горди Македонци коишто имаат право, имаат право да се самоименуваат како Македонци, а државата за која што се бореле нивните предци да си ја наречат Република Македонија.


И никој тоа право не може да ни го земе. И никој не може тоа да ни го оспори. Ниту во Османлиско не било така, како што е денеска. Веднаш сега ќе се јават оние армадили платени со вашите жолтици за да ме критикуваат, еве го овој повторно го опструираат процесот. Да ќе го опструирам и ќе се борам се додека можам затоа што ме боли и ме пече, затоа што тоа ми е дедовина, тоа ми е татковина и нема никогаш да престанам да се борам додека дишам за моите права и за мојата Македонија. И не се срамам!

И не се срамам затоа што сум Македонец. Затоа што моите два сина се Македонци. И затоа што моите неродени внуци ќе бидат Македонци. И тоа треба на целиот свет да му е јасно. Па макар и било крај на мојата политичка кариера!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This