Собранието треба да донесе одлука за избор на нов состав на ДИК

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Координаторите на пратеничките групи на владејачките СДСМ и ДУИ, како и на Беса и Алијанса за Албанците до Собранието поднесоа предлог-одлука за распишување оглас за избор на нов претседател, потпретседател и пет члена на Државната изборна комисија бидејќи мандатот на сегашниот состав истекува за еден месец.

Предлог-одлуката е ставена како точка на дневен ред на 29. собраниска седница закажана за денеска.

„Имајќи ја предвид Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес (Службен весник на Македонија, број 72/2020 и 154/2020) мандатот на постојниот состав на Државната изборна комисија е пред истекување. Од овие причини Собранието на Македонија треба да огласи избор за нови претседател, потпретседател и пет члена на Комисијата поради што предлагаме Собранието да ја донесе оваа одлука“, пишуваат пратениците во образложението.

Огласот за избор на нов состав на ДИК би се реализирал според важечките правила во Изборниот законик, со оглед на тоа што досега не се извршени измени и не е донесен нов. За избор на членови на ДИК е потребно двотретинско мнозинство во Парламентот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This