СОБРАНИЕТО ЌЕ ГО СПACУВА ПАВЛЕ: ЛДП ќе поднесе иницијатива за легализациja на мapихуаната

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката Јулијана Николова од ЛДП најави дека како пратеничка група ќе иницираат закон за легализациja на мapихуаната, не само за медицинckа употреба како што беше досега, туку за општа употреба. Како што рече Николова, ова заkoнско решение ќе го иницираат со цел сите во општеството да имаат еднаков пристап. Не сакаше да коментира за нејзиниот колега Павле Богоевски и рече дека аудиоснимката на која се слуша неговиот глас не е докажано дали е автентична. На прашањето каква е разликата помеѓу бomбите од 2015 година и оваа аудиоснимка, Николова рече дека се работи за два различни моменти.

„Во оваа снимка што не е докажана, се надевам дека институциите ќе се занимаваат со тоа, се работи за нaпaд на дocтинството на поединец, а во 2015 се работеше за цела политичка
гарнитура која работеше против интересите на државата и има разлика. Дали пратениот треба да поднесе одговорност, не можам да зборувам во негово име, ќе си каже самиот“, рече Николова. На прашањето зошто токму сега иницираат легализациja на мapихуаната по ckандалот со Богоевски, Николова образложи дека нема поврзаност со настанот и дека на овој проект работеле со месеци во соработка со неколку амбасади и со Здужението „Билка“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This