Соиграчи на Димитриевски туpkaа автомобили на снегот за да може автобусот да помине (ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шпанија ја погоди силно снежно невреме кое направи хаос на патиштата, а второлигашот Рајо Валјекано тргна со автобус на пат за гостување кај Мирандес и заглави на автопат.

Автомобили не можеа да се движат, некои не можеа ни да запалат, па го блокираа сообраќајот…

За да се спаси ситуацијата, дел од соиграчите на нашиот Столе Димитриевски, кој после суспензијата засега е резерва на синот на Зинедин Зидан, излегоа за да помогнат, па по снегот туркаа автомобили за да се расчисти патот.

Рајо Валјекано тргна кон Мирандес, ама до таму не стигна. Мечот е одложен за во недела, со надеж дека снежното невреме ќе стивне, а ќе се нормализира сообраќајот, кој е комплетно блокиран, па синоќа авионот на Реал Мадрид поради заледената писта не можеше да полета за Памплона, каде Осасуна го чека „кралот“ на пресметка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This