СОКАЧЕТО НА ЖЕРНОВСКИ И БУЛЕВАРОТ НА КОЦЕ: Третата фаза од реконструкцијата на „Гологанов“ Коце ја плати 1,3 милиони евра, ако Жерновски го правеше булеварот ќе потрошеше 8 пати повеќе!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најскапото сокаче во историјата на Македонија не престанува да ја интересира јавноста. Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, лани во декември со гордост објави дека на „Боемска 2“ или улица „Радњанска“ реконструирал 270 метри, односно 4.000 метри квадратни – од ул. „Орце Николов“ до портата на Градежен факултет, за неверојатни 710.000 евра. Уличката беше отворена, исто така, со скапа забавна програма, со тамбураши, а вев на вечерта беше изненадувањето – настапот на Звонко Богдан.

Јорданка Ивановска – Јоци, која го истражува работењето на Жерновски и неговата администрација, приложи документи, според кои „Боемска 2“ е уште една лага на градоначалникот кој ги измами граѓаните кои му верува во три маратонски изборни круга.

„Каде е проблемот?
Според Агенцијата за Катастар на недвижности, 270 метри должина не е наведениот потег, напротив троа повеќе – потегот од „Орце Николов“ до „Костурски херои“ (улицата кај „Апче“, (види фото 2), извод од катастарски план и пресметана должина).

Просто кажано, ни фалат во прикаскава некои 70 метри, кои на терен, Жерновски, ги асфалтираше и на нив има 4 канделабри и павери. Не е форматот на “Боемска 2“, со набиена гранитна коцка и мермер, напротив поевтино решение.

Жерновски, ако добро го разбрав Државниот катастар, твојата „Боемска 2“, која ја пријави по медиуми, има околу 200 метри, а не 270.
И? Што е со оние 70, кај ти се? Тоа не е „Боемска“, напротив паркинг.

Е, сега одиме кај цената. За да сфатите што направил типов.
Третата фаза од реконструкцијата на „Теодосиј Гологанов“, во должина од 1,6 километри, Коце, ја плати 1,3 милиони евра. (Види фото 4).

Станува збор за булевар, не за уличка од 200 метри со една лента.
Има четири ленти, нова атмосферска, фекална, пешачки патеки, велосипедски, преместување на гас цевка, 84 столба за осветлување. Сето тоа, за двојно поголема цена од онаа на Жерновски.
Според дигитронот на Жерновски, ако тој го правеше булеваров, со „боемски“ дигитрон, ќе чинеше 8 пати повеќе, односно 5,6 мил.евра. (ако 200 м.од “Боемска 2” се 710.000 евра, тогаш 1,6 км.= 5,6 мил.евра)

Од друга страна, за реконструкцијата на попречната на „Боемска 2“, односно “Костурски херои” со асфалт и тротоари и иста површина како “Боемска 2“, Жерновски, плати 145.000 евра. (Види фото 5). Ама, тоа, на почеток на мандат.

Ајде, Жерновски, објасни и’ на јавноста дали коцките се златни, по кои цени ти работиш и дали греши Катастарот?

А, да.. и кога ќе викнеш Државен завод за ревизија да ги провери сите јавни набавки?“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This