ЌЕ ПОЧНЕ СО ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА АЕРОДРОМОТ И АВТОПАТОТ: Името ќе се менува, ама прво ќе се сменат имињата на автопатот и аеродромот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на грчкото МНР при неговата средба со колегата Никола Димитров во Скопје ќе побара промена на името на скопскиот аеродром, како и на централниот  скопски плоштад „Македонија“. Доколку властите се одлучат да ги тргнат статуите, тогаш Коѕијас за таквиот чекор ќе им вети помош од ЕУ, пишува грчкиот весник „Демократија“ пред доаѓањетои на Коѕијас во Македонија.

-Во Скопје, Никос Коѕијас ќе пристигне преку автопат од Солун, како што тоа го прават сите дипломатски мисии кои ја посетуваат соседната држава во последните години, за да не ги легитимизира тврдењата на Македонија. Се посочува дека и аеродромот и главниот плоштад во Скопје се крстени „Александар Македонски“. Според нашите информации, грчкиот министер за надворешни работи може да побара од Никола Димитров да ги променат тие имиња во знак на добра волја и градење доверба меѓу двете земји. Таквите акции не чинат ништо, велат извори од Министерството за надворешни работи. Меѓутоа, во врска со ова, Коѕиас ќе направи контра предлог: Тој ќе го увери Скопје дека ако одлучат да ги тргнат овие статуи, тој ќе им помогне во обезбедувањето средства од Европската Унија, пишува грчкиот весник.

Исто така, додава весникот, Коѕијас ќе стави до знаење дека прекршувањето на времената спогодба нема да биде толерирано, но и дека има силни докази за поголем број прекршувања од страна на Скопје.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This