Сопругата на Ангелов до сите големи „херои“ на тастатура: Стојанче со денови ниту спие ниту јаде, вдишува чад за да го заштити населението

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сопругата на Стојанче Ангелов, Јасминка им се обрати на социјалните мрежи на сите оние кои од дома под клима и од тастатура се големи херои и патриоти и изразуваат од дома голема загриженст.

“Мојот сопруг излезе вчера рано наутро во истиве алишта што и сега ги носи, му дадов в раце само една маица со кратки ракави. Ниту се нови овие изветвени панталони и кошула (што планинарење поминал со нив да знаат да кажат), а најмалку се чисти по поминат теренски ден и ноќ на отворено. Инаку со дни ниту спие ниту јаде, вдишува чад и мене тоа ме загрижува затоа што е 80% воен инвалид, исечен му е белиот дроб, ако сфаќате што значи тоа. Со тастатурно војување не се помага. И запамтете: Овој човек има душа и простува на сите што го напаѓате, џабе арчите букви на тастатурата“ напиша сопругата на Ангелов, Јасминка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This