Сопругата на украинскиот претседател е пoзитивнa на кoрoнaвиpycoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена, е позитивна за коронавирусот, соопштија украинските медиуми.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, тестирани се и Зеленски и нивните деца, а нивните примероци се негативни.

Во соопштението се наведува дека Олена Зеленска е изолирана од другите членови на семејството, нема никакви симптоми и се чувствува добро.

Украинските меидуми наведуваат дека не е јасно каде и кога Зеленска се заразила.

За потсетување, Зеленски претходно изјави дека планира и намерно да се зарази за да покаже колку е сериозна опасноста.

Сите лица со кои Олена Зеленска била во контакт се информирани за потенцијалниот ризик од инфекцијата.

Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Украина денеска надмина 29.700 заразени лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This