April 27, 2024, 10:02 pm

Сорос: Инвестирањето на милијарда долари во Кина е тpaгична гpешkа и ќе ја оштeти националната бeзбeдност на САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Милијардерот Џорџ Сорос ја оцени намерата на компанијата „Блек Рок“ да инвестира во Кина како „трагична грешка“ што ќе доведе до губење на парите на клиентите.
„Инвестирањето милијарди долари во Кина е трагична грешка. Клиентите на Блек Рок најверојатно ќе изгубат пари и што е уште поважно, ќе ја оштетат националната безбедност на Соединетите држави и другите демократии“, вели Сорос во написот објавен во „Волстрит Журнал“.
Сорос тврди дека Соединетите држави и Кина се борат до смрт помеѓу два системи на влада – репресивни и демократски и го повикува американскиот Конгрес да донесе закони што ќе и овозможат на Комисијата за хартии од вредност да го ограничи протокот на средства во Кина.
Сорос објави откако американската корпорација за управување со инвестиции „Блек Рок“, најголемата инвестициска корпорација во светот, објави голема иницијатива во август насочена кон пумпање пари во Кина, користејќи го пазарот на средства за мало од 3,6 трилиони (3,6 илјади милијарди) долари.

Според „Блек Рок“, Кина повеќе не треба да се смета за „пазар во развој, туку треба да биде сѐ повеќе застапена во инвестициските портфолија. Инвестицискиот институт Блек Рок препорача инвеститорите тројно да ги доделат своите средства за Кина, додека претседателот на корпорацијата, Лари Финк, рече дека „инескиот пазар претставува значајна можност да помогне во постигнувањето долгорочни цели на инвеститорите во Кина и на меѓународно ниво“.
Сепак, Сорос не се согласува со инвестицискиот ентузијазам на компанијата „Блек Рок“ за Кина и наведува дека компанијата направи јасна разлика помеѓу државните компании и приватните компании, што е линија која е далеку од реалноста.
Милијардерот претходно објави статија во „Фајненшл тајмс“ во која го критикува кинескиот претседател Си Џинпинг, наведувајќи дека не разбира како функционираат пазарите.
„Кинеските финансиски власти се обидоа да ги убедат странските инвеститори и пазари дека економијата расте. Но, тоа е измама. Си смета дека сите кинески компании се инструменти на еднопартиска држава. Инвеститорите што прават бизнис во Кина ќе бидат разочарани“, напиша Сорос.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This