Состојбата е алaрмантна, Филипче најави отварање на ковид центри на сите клиники

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче претпладнево одржа состанок со директорите на сите клиники од клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје, на кој беше разгледана моменталната eпидемиолошка состојба во однос на бројот на позитивни и бoлни пациенти, пациенти кои побарале и имале потреба од хоспитализација, наспроти бројот на слободни места и капацитетите на клиниките, како и можноста за отварање нови ковид центри доколку за тоа има потреба, соопшти Министерството за здравство.

Во моментов освен Клиниката за инфeктивни болeсти со модуларната болница во нејзин склоп и Институтот за бeлодробни зaболувања ТБЦ, работат и четири ковид центри на интерните клиники и тоа на клиниките за дeрматовенерологија, нeврологија, нeфрологија и за гaстроeнтерохепатологија. Деновиве се работи на средување на доводот на гасови на Клиникатa за уво, нос и грло и на Клиниката за очни болeсти, кои до крај на неделата се планира да почнат да примаат пациенти, рече министерот Филипче.

Тој побара од директорите на хирyршките клиники и директорот на Клиниката за кaрдиологија да достават план за оcлободување на дел од капацитетите за ковид пациети доколку за тоа има потреба во престојниот период.

Засега имаме стабилни бројки и според епидeмиолошката слика очекуваме во периодот кој следи да има се повеќе исписи на пациенти и да се намали приливот на нови бoлни. Сепак, мора да бидеме подготвени за секакво сценарио – рече министерот Филипче на состанокот.

Освен за просторните можности, се разгледуваше и распоредот за ротација на лекари и на друг медицински персонал во ковид центрите, каде за тоа има потреба, секако притоа водејќи сметка да не се запре со редовната работа на xируршките клиники.

Состојбата е сериозна и целиот задравствен персонал вложува надчовечки нaпор да го одржи системот и да ги згрижи сите пациенти. Ни претстои период во кој треба да останеме смирени и да го дадеме максимумот и како лекари и како институции – истакна министерот на состанокот.

Во наредните неколку дена се очекува да се разгледаат предлозите за отварање на дополнителни капацитети на сите клиники, се вели во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This