Состојбата се влошува: Полициски час и зaocтрување на рестриkциите за јавни настани во Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рестораните и баровите во Бугарија ќе треба да се затворaaт во 22 часот од 7 септември, додека спортските натпревари во салите ќе се одржуваат без гледачи, изјави денеска бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров.

„Нема простор за паника. Ситуацијата е сериозна, но не излегува од контрола. Нискиот процент на вакцинација не принудува да ги воведеме овие мерки“, рече министерот, а пренесе „Ројтерс“.

Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да се вакцинираат.

Според новите ограничувања, кои ќе бидат на сила до крајот на октомври, музичките фестивали ќе бидат забранети, додека кината и театрите ќе треба да работат со капацитет од 50 проценти.

„На учениците ќе им биде дозволено да посетуваат настава кога ќе започне учебната година на 15 септември“, рече Кацаров, но предупреди дека ако бројот на новозаразени продолжи да расте, можеби ќе треба да се префрлат на онлајн настава.

Бугарија е земја со најниска стапка на вакцинација против коронавирус во Европската унија, а во последните недели забележа голем скок на инфекции предизвикани од позаразниот делта сој на вирусот.

Меѓу популацијата од седум милиони жители, само денес се регистрирани 1.745 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на активни инфекции се искачи на 32.192.

Околу 18.950 луѓе починаа од почетокот на пандемијата, а уште 54 смртни случаи се пријавени денеска во Бугарија, која има највисока стапка на смртност во Европската унија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This