СОТИР КОСТОВ: Монструозноста на умовите што ја смислиле оваа нечовечка и нециливизирана акција за приведување на сите што се во Шутка за 27-ми април е во тоа што ова кривично дело е иземено од можноста претседателот да го помилува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата „Отворено студио“ на Телевизија Нова гостуваше Сотир Костов.

Тој е  дел од иницијативата на интелектуалци, група на граѓани кои заедно со Македонскиот манифест  се обидуваат со правни факти да им погнат на луѓето кои неправедно се притворени за случајот од 27-ми април кој се случи во Собранието на Република Македонија.

Костов истакна дека овие луѓе се неправедно осудени за тешко дело за терористичко загрозување на уставниот поредок за да се изземе можноста на Претседателот да ги помилува.

-Монструозноста на умовите што ја смислиле оваа нечовечка и нециливизирана акција за приведување на сите што се во Шутка за 27-ми април е во тоа што многу изитрено прерачунале ова кривично дело е иземено од можноста претседателот да го помилува. Јавноста мора да го знае ова. Значи така мангупски е направено, така шверцерски е направено. Не може вакви луѓе кои немаат никакво досие, кои не направиле ништо ти терористи да ги правиш, истакна Костов.

Костов констатираше дека за целата ситуација која се случува во државата, македонскиот народ треба да размисли како човек кој ни е премиер е аболициран, а граѓаните кои немаат никакво кривично дело се обвинети за терористи.

-Намерно е направено ова за да не скршат. Затоа македонскиот народ треба малку да се замисли што ни се случува. Не само на тие луѓе, на сите нас ни се случува ова. Верувајте ми и јас така го доживувам ова. Значи не станува збор за претседателот овде. Значи ова е многу мудро. Кога треба Заев да биде помилуван, аболициран тоа функционира, никој не прашува зошто и како тој човек ни дојде за премиер. Тој човек сега е обвинет апла снимен со пин мерки за корупција за мито, тој е премиер, рече Костов.

Костов додаде дека луѓето кои се привредени се граѓани кои протестираа за зачувување на унитарноста на Република Македонија. Ништо не погрешија, бидејќи тие ако погрешија, вели, погрешија и 250 илјади кои во критични моменти низ сите градови во Македонија  се собираа.

Костов им порача на граѓаните да се исправат и да се борат бидејќи не се работи само за слободата на притворените во Шутка туку за сите граѓани кои, како што вели, многу скоро ќе се увериме кога ќе сакаат да не опљачкаат со името и идентитетот.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This