СОФИЈА: Македонија и Србија сакаат удел во нyклeapната централа „Белене“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот заменик-премиер Томислав Дончев изјави за весникот „Труд“ дека Македонија и Србија сакаат удел во идната нyклeaрна централа „Белене“.

Дончев, како што пренесува БТА, истакна дека „не постои шанса нyклeapната централа Белене да се гради без учество на рускиот Росатом“.

Нyклeapната централа Белене се планира да се гради во северниот дел на Бугарија, во близина на Дунав, за да ги замени реакторите на нyклeapната централа Козлодуј, кои се повлечени од употреба како дел од исполнувањето на условите за влез на Бугарија во Европската унија.

Во 2010 година, бугарската Влада го замрзна овој проект на неопределено време поради неизвесната профитабилност. Според новите планови на Владата во Софија, нуклеарката Белене би требало да биде изградена во наредните 10 години, а би чинела околу 10 милијарди евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This