СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА ПРЕД КОЛАПС: Затвор од 13 и 12 години за обвинетите за сексуалната злоупотреба на малолетничката од „Ранка Милановиќ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопскиот кривичен суд ги осуди на 13, односно 12 години затвор тројцата обвинети за трговија со дете за сексуална злоупотреба на малолетничка штитеник на домот Ранка Милановиќ која остана бремена.

Сите тројца пред судот ја признаа вината. Првообвинетата Мајмире Дестанова која доби 13 години казна затвор, судот ја прогласи за виновна бидејќи за 200 евра ја продавала малолетничката во една вечер низ кафеани во Кавадарци. Обвинетата девојчето потоа го однела во Радовиш кај второобвинетиот Ерол Јашаров кој бил невенчан сопруг на 12 годишната и тој во наредните 10 дена ја силувал и тепал. Во сексуалното малтретирање учествувал и третообвинетиот Сезар Раимов внук на Јашаров. По признанието на вината Јашаров и Раимов заработија по 12 години казна затвор. Според информациите од судот тројцата обвинети се познати на органите на прогонот и имаат повеќе пресуди во различни судови низ државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This