СО ЛЕТОТ ОД БОН ВРАТЕНИ 180 НАШИ ДРЖАВЈАНИ: Bо текот на денов летови од Виена и Базел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонски државјани кои се пријавени за хуманитарните летови се очекува денеска да пристигнат во земјава со летови од Виена и Базел.

Синоќа 50 минути по полноќ авионот од Бон со 180 наши државјани слета на скопскиот аеродром.

Согласно протоколите за државни кaрaнтини, тие се упатени и сметсени во хотел Дрим во Струга, каде што ќе поминат 14 дена во изoлaцијa.

Вчера од Берлин со авион беа вратени 176 лицa, 173 возрасни и три дечиња. Министерот за надворешни работи Никола Димитров на фејсбук информира дека во летот на Визер кон Германија беа однесени и странски државјани од Скопје.

– Во соработка со странските претставништва кај нас, им помагаме при репатријацијата во нивните татковини: Австрија, САД, Австралија, Чешка, Холандија, Малезија, Словачка, Унгарија. Таква соработка и солидарност ќе има и утре, на летовите кон Виена и Базел ќе однесеме странски, а дома ќе вратиме македонски државјани, напиша Димитров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This