СО МЕМОРАНДУМ НА ВЛАДАТА: Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше добија 2,15 милиони евра за општински проекти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше добија 2.150.470 евра согласно Меморандумот кој Владата го потпиша со општините од државата. Средствата се наменети за финансирање на општински проекти за период 2020-2024 година.

Со вчера потпишаниот меморандум за соработка со Владата и општина Дебар за обезбедување средства наменети за финансирање општински проекти за следните четири години, за нашата општина издвоени се 700.000 евра. Средствата се намените за три општински проекти за улици во градот, изјави за МИА Хекуран Дука, градоначалник на Дебар.

Поконкретно, станува збор за улиците „Али Зенгоски“, „Петре Поповски“ и „Здравко Чочковски“, како и за улица во населбата „Венец 1“.

Со меморандумот за соработка меѓу Владата и општините, за Центар Жупа одобрени се 613.000 евра за локални патишта во нашата општина, за што имаме изготвено проекти за неколку населени место или Мал Папрадник, Бајрамовци, Праленик и Коџаџик, вели Аријан Ибраим, градоначалник на општина Центар Жупа.

Општина Маврово и Ростуше, според градоначалникот Медат Куртовски, добила 837.470 евра за општински проекти што ќе се реализираат во неколку населени места.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This